Интер го сруши италијанскиот рекорд по заработката од билети за еден меч

Фудбалерите на Интер и Барселона вечерва го играат реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Првиот натпревар понуди фантастичен фудбал, а натпреварот заврши со резултат 3:3, па натпреварот на „Џузепе Меаца“ ќе го одлучи првиот финалист на Лигата на шампионите сезонава. Во финалето, подобриот од вечерашниот меч, ќе го чека победникот од двомечот помеѓу ПСЖ и Арсенал.

Легендарниот стадион во Милано ќе биде исполнет до последно место. Сите билети се распродадени, а според најавите од Италија, капацитетот да бил и поголем повторно се ќе било полно. Тоа значи дека вечерва на „Џузепе Меаца“ ќе има 75.000 гледачи, а овој меч е и историски, бидејќи е поставен апсолутен рекорд во однос на приходите – највисок приход некогаш остварен на натпревар од италијански клуб.

Се очекува Интер да заработиоколу 14 милиони евра, што е значително повисоко од претходниот рекорд, поставен пред две години во полуфиналето на Лигата на шампионите во градското дерби против Милан. Ова ќе биде втор пат сезонава Интер да има 10+ милиони евра приходи од продадени билети. Во четвртфиналето против Баерн Минхен, приходот беше 10 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести