Лаутаро Мартинес, Маркус Тирам, Хакан Чалханоглу и Карлос Аугусто беа стрелци на головите со кои Интер го победи соседот Комо со 3-0 во дуел од италијанската Серија А по кој Нераѕурите го презедоа првото место на табелата.
Комо е 30-тиот различен италијански клуб против кој Лаутаро дал гол откако дојде во Интер.
Екипата на Комо имаше супер серија од 12 меча без пораз, до вечерва последен пораз им беше оној од 0-1 на 30-ти август против Болоња, но налетаа на клубот на кој не му дале гол на последните шест меѓусебни дуели. Така Интер постави клупски рекорд, првпат во историјата против некој ривал од Серија А има низа од шест победи без примен гол во меѓусебните дуели.

