1.8 C
Skopje
сабота, 21 февруари 2026

Интер го заборави Бодо/Глимт и ја продолжи победничката низа во Серија А (Видео)

Фудбалерите на Интер се чини го заборавија дебаклот кај Бодо/Глимт во Лигата на шампионите и со шесттата првенствена победа по ред дојдоа до предност од 10 поени во однос на градскиот ривал, Милан, на табелата во Серија А.

Интер славеше со 0-2 на гостувањето кај Лече, но иако резултатот вели дека рутински стигнаа до триумфот, сепак, три бода ги освоија во самиот финиш од мечот.

Мкитарјан во 75-тата минута го донесе Интер во водство од 0-1, а точка на победата стави Аканџи во 82-рата минута.

- Оглас -

Најнови вести