20.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

Интер му даде нов договор на искусниот Коларов

Италијанскиот фудбалски првак Интер потврди дека Александар Коларов останува во клубот уште една сезона. Искусниот српски дефанзивец дојде во Интер пред една година од редовите на Рома за трансфер од еден и пол милион евра. Коларов уште во првата сезона успеа да се израдува на титулата.

Коларов не беше стандарден и одигра само 11 меча, па беше најавено дека ќе бара нов клуб за новата сезона. Се шпекулираше дека може да потпише со Црвена ѕвезда, но и дека Болоња го сака во своите редови. На крајот, Коларов останува во Интер до 30 јуни 2022 година, кога ќе има 37 години.

- Оглас -

Најнови вести