Интер го загуби Скудетото и веднаш ја започна „чистката“ од клубот

Интер не успеа да ја одбрани титулата во Серија А, откако по крајот на оваа сезона заврши како второпласиран со два бода помалку од градскиот ривал Милан.

Од раководството на „нероаѕурите“ веќе на големо се работи за играчките промени во клубот, а главна цел ќе биде донесувањето на Паоло Дибала, како и нов договор на Иван Перишиќ.

Ќе има и заминувања, а прв на кој што клубот му се заблагодари е Андреа Ранокија, кој што изминативе сезони најчесто беше на клупата, како замена за стандардните дефанзивци.

На 34-годишниот поранешен италијански репрезентативец нема да му биде продолжен договорот кој што му истекува на лето, а во Интер е од 2010 година, каде што одигра 170 средби и даде девет голови. Исто така беше на неколку позајмици во Италија како и во Хул од Англија а останува да се види каде ќе ја продолжи кариерата.

Покрај него, од клубот се очекува да заминат: Артуро Видал, Алексис Санчез, Матијас Весино, Андреј Раду, а оваа листа може да биде и зголемена.

- Оглас -

Најнови вести