Италијанскиот шампион Интер полека се подготвува за летниот преоден рок каде една од главните задачи ќе биде да се ангажира напаѓач и потенцијалното засилување може да дојде од Барселона.
Од актуелните напаѓачи на Интер, Лаутаро Мартинес ќе потпише нов договор, налето ќе си замине Алексис Санчес, а можно е истото да го стори и Марко Арнаутовиќ, додека иднината на Маркус Тирам е неизвесна.
Французинот сака да остане во Интер, но во неговиот договор постои откупна клаузула која изнесува 85 милиони евра, сума која не претставува никаков проблем за ПСЖ или за премиерлигашките кои пројавуваат интерес за напаѓачот.
Поради тоа, Интер во летниот преоден рок ќе се фокусира на ангажирање напаѓачи, еден веќе го капариса, тоа е Мехди Тареми кој доаѓа како слободен играч откако на први јули ќе му истече договорот со Порто, а вториот кој треба да пристигне е Феран Торес од Барселона.
Торес е во втор план кај Чави Ернандес кој планира чистка налето и очекува напаѓачот да биде меѓу играчите кои ќе си заминат од „Камп Ноу“.
Барселона е подготвена да го пушти Торес за 45 милиони евра.