Интер и Ајакс се големите губитници во Лигата на шампионите!

Барселона одигра чесно, па и ослабена го победи Интер во Милано исфрлајќи ги Нераѕурите од Лигата на шампионите, а им направија услуга на Милионерите од Дортмунд, кои си ја завршија својата домашна задача против Славија.

На дебито во ЛШ, Карлес Перес даде гол за Барса, а победничкиот гол во финишот го даде Ансу Фати, кој е најмлад стрелец со 17 години и 40 дена. На Интер му требаше победа за да оди меѓу 16-те најдобри, но беше немоќен и против ослабениот противник, кај кого го немаше Меси и уште неколку значајни играчи.

Лион со 8 бода оди понатаму, го искористи поразот на Зенит во Лисабон, а на Ајакс ни 10 бода не му беа доволни да ја мине групата, па амстердамските Копјаници одат во ЛЕ откако загубија од Валенсија.

РЕЗУЛТАТИ, ГРУПА Ф: Борусија Дортмунд – Славија Прага 2-1, Интер – Барселона 1-2. ГРУПА Г: Бенфика – Зенит 3-0, Лион – Лајпциг 2-2. ГРУПА Х: Челзи – Лил 2-1, Ајакс – Валенсија 0-1.

- Оглас -

Најнови вести