1009 Астон вила – Челзи (18:30 ч.)
Астон вила е во криза и нема победа на последните пет меча во првенството, но и Челзи не е во ништо подобра ситуација затоа што загуби три пати во последните четири средби што ги одигра.
Двата тима негуваат офанзивен фудбал, а имаат слаби дефанзивни линии, па може да се очекуваат повеќе погодоци.
Предлог тип: ГГ3+ (1.80)
1704 Оксер – Олимпик Марсеј (21:05 ч.)
Оксер е во долниот дел од табелата и главна цел е да не испадне од лигата. Олимпик Марсеј игра одлично на гости сезонава и има дури девет победи во 11 средби. Дополнителен мотив за Олимпик ќе биде да се реваншира на Оксер, бидејќи во првиот дел од сезоната Оксер изненадувачки славеше во Марсеј со 3:1.
Предлог тип: 2&2-4 (2.55)
3005 Интер – Џенова (20:45 ч.)
Интер влезе во лоша серија и во последните четири кола освои само четири бодови (една победа, едно реми и два порази), па токму затоа ова е дуел на кој Нераѕурите едноставно мора да слават.
Есеноска Џенова одигра 2:2 на свој терен, а нерешено било и уште два пати во последните четири меѓусебни дуели. Интер го има најдобриот напад и сигурно домаќините ќе тргнат офанзивно од самиот почеток.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.40)
1806 Борусија Дортмунд – Унион Берлин (18:30 ч.)
Очајно игра Борусија Дортмунд во 2025 година во првенството. Во седум меча има дури пет порази, едно реми и само една победа. Токму затоа, тимот кој е дел од осминафиналето во ЛШ, падна на 11 место во Бундеслигата.
Унион Берлин игра очајно на гости и има освоено само осум бодови од 11 мечеви. Тимот од Берлин го има и вториот најслаб напад во лигата со само 21 гол во 22 средби.
Предлог тип: Т1 1+I & 1+ II (2.18)
1305 Лас Палмас – Барселона (21 ч.)
Барселона влезе во серија од четири победи во првенството, додека Лас Палмас е очаен и има освоено само еден бод во последните шест кола. Сепак, не треба да се заборави дека Лас Палмас пред само три месеци ја шокираше Барселона со победа на гости од 2:1.
Токму тој пораз од Лас Палмас, треба да биде дополнителна мотивација на Барселона да се реваншира, односно да освои три бодови и да го задржи лидерското место на табелата.
Предлог тип: 2&4+ (2.09)