Интер и Фиорентина си разменија бекови

Интер и Фиорентина се блиску до постигнување договор околу размена на бековите Далберт Енрике и Кристијан Бираги. Италијанските медиуми тврдат дека и двајцата фудбалери се солгалија на едногодишни позајмици, така што размената на релација Фиренца – Милано ќе се оствари во најскоро време.

Далберт имаше шанса да се врати во Ница, но францускиот клуб не ги исполни условите на Интер, па шансата да си ја оживее кариерата ќе ја бара во Фиорентина.

Што се однесува за Бираги, тој веќе некое време е желба на Антонио Конте, а воедно е во потрага по поголем предизвик откако се статибилираше како прв леб бек на италијанската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести