Екипите на Интер и Јувентус започнаа мисија за доведување на Даниел Малдини од Монца, пренесуваат италијанските медиуми. Малдини денеска полни 23 години, а од оваа сезона е дел од тимот на Монца.
Даниеле е дел од големата фудбалска лоза Малдини, која повеќе децении е дел од гигантот Милан. Неговиот дедо Чезаре беше дел од Росонерите во период од 1954 до 1966 година. Потоа неговиот татко Паоло целата 25-годишна кариера ја помина во дресот на Милан, а неговото име со златни букви е запишано во историјата на овој клуб.
Даниел уште како деветгодишно дете започна во школата на Милан каде помина 10 години, а потоа дебитираше за сениорскиот состав. За три сезони поминати меѓу Росонерите, членото од третата генерација на Малдини одигра само 24 натпреварии постигна 24 голови. Потоа беше даден на позајмица во Специја, па Емполи и на крајот во Монца, тим кој го договори за свој играч ова лето.
Офанзивниот играч за врска започна одлично сезонава во Монца, па затоа го привлече фокусот на најголемите ривали на Милан, Јувентус и Интер. Некои најави се дека уште во зимскиот преоден рок може да се случи Малдини да прекине една неколкудецениска традиција, а тоа е играч со ова славно презиме да заигра за некој од големите ривали на Росонерите.