Иако налето ќе го прослави 36-тиот роденден, Самир Хандановиќ брани на високо ниво, па токму затоа Интер се погрижи да го задржи капитенот. Словенечкиот голман наводно се согласил да ја продолжи соработката до јули 2022 година, додека актуелниот договор му важи до крајот на следната сезона.
Хандановиќ е член на Интер од 2012 година и досега настапи на повеќе од 320 меча во сите натпреварувања, додека оваа сезона е еден од главните играчи во составот на Антонио Конте со 8 сочувани мрежи во 30 натпревари.