Интер и Келн би требало да победат

1801 Келн – Бохум (20.30 часот)

За Јарците ова е добра прилика да ја прекинат серијата од три меча по ред без победа и без постигнат гол во Бундеслигата. Бохум е последен на табелата, но има ист број бодови како трите тима кои се пред него. Бохум има убедливо најлоша одбрана во лигата, има примено 56 гола на 23 меча. Од 25-ти јануари наваму, Бохум на сите мечеви примаше барем по два гола. Последните три меѓусеби дуели им завршуваа со 2-4 гола, и секогаш беше „Гол-Гол“.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.55)

 

3001 Специја – Интер (20.45 часот)

Специја се бори за опстанок, има три бода пред 18-тата Верона, а иако одамна не победиле, знаат да одиграат на реми, имаат три нерешени во последните четири кола. Интер е втор, а има само две нерешени игри во досегашните 25 кола во Серија А. Во август во Милано, Интер ја победи Специја со 3-0, а Нераѕурите дадоа три гола и на своето последно гостување кај Специја во минатата сезона.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.22)

 

1701 Лил – Лион (21.00 часот)

Лил има шест бодови повеќе од Лион, а двата тима освоија по 10 бодови во последните пет кола. Лион е тим со подобра одбрана, но Лил е поефикасен. Во минатото коло двата тима играа нерешено, а и во купот кога се сретнаа меѓусебе пред еден месец, во регуларните 90 минути беше нерешено 2-2. Но, во лигата, последните три меѓусебни средби им беа со 0-1 гол. Лил дома не победил против Лион уште од 2016 година.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (3.10)

 

1301 Кадис – Хетафе (21.00 часот)

Ова е дуел на два соседи на табелата во Ла Лига, Кадис е 15-ти, Хетафе 16-ти. Тимот од југот на Шпанија има дадено само 18 гола на 24 меча, и се на делба на последното место според ефикасноста. Кадис четири кола по ред има мечеви со 0-2 гола, а Хетафе во претходните две кола имаше ефикасни дуели со ГГ и 3+. Во ноември во Мадрид беше 0-0, а последниот пат кога се сретнаа во Кадис, беше 1-1.

Предлог тип: & 1-3 (2.07)

 

1014 Стоук – Блекбурн (21.00 часот)

Блекбурн е во налет, има четири победи по ред од кои три со резултат 1-0, и четврти е на табелата во англискиот Чемпионшип, се бори за пласман во Премиер лигата. Стоук е 16-ти, но доби три од последните пет меча. Стоук ретко игра нерешено, а има и повеќе дадени и повеќе примени голови од Блекбурн. Од последните шест меѓусебни дуели, пет им завршија со 0-1 гол. Кога Стоук бил домаќин, во нивните меѓусени дуели никогаш не било нерешено.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.54)

- Оглас -

Најнови вести