Интер и Манчестер сити никогаш не играле еден против друг, но Гвардиола знае како е против Интер

Финалето помеѓу Интер и Манчестер сити во Истанбул ќе биде дуел на два тима кои првпат ќе играат еден против друг на официјален меч.

Ако игра како вечерва, Манчестер сити ќе го добие финалето и првпат ќе стане европски првак, но Интер трипати ја има освоено Европа, последен пат во 2010, кога на патот до славата елиминираа моќен состав предводен од тренерот Пеп Гвардиола.

Гвардиола последната европска титула ја освои во 2011 година, една година откако со Барселона беше изненаден од Интер на Жозе Мурињо.

Финале во Истанбул, англиски против италијански тим, тоа е добра најава за убаво финале, нека биде барем слично на она лудото во 2005, кога Ливерпул на пенали го совлада Милан откако пос 120 минути одигра 3-3 по водството на Милан од 3-0.

- Оглас -

Најнови вести