Интер и Милан вечерва играат за најголемата парична награда за Суперкуп во Европа

Суперкупот на Италија е натпреварувањето со најбогата парична награда од сите суперкупови и кои се играат низ Европа, и тоа ќе му даде дополнителен шмек на вечерашното финале помеѓу Интер и Милан кое ќе се игра од 20 часот во Саудиска Арабија.

Секако главен мотив на двата тима е освојување на трофејот, плус тоа голем престиж е да се совлада градскиот ривал во едно финале, а подобриот ќе земе и повеќе пари. Победникот ќе добие 8 милиони евра, што е највисока награда за победник на Суперкуп во Европа. Поразениот финалист добива 5 милиони евра. Аталанта и Јувентус кои загубија во полуфиналето, заработија по 1,6 милиони.

Во шпанскиот Суперкуп кој истотака се игра со четири тима во Саудиска Арабија, паричните награди се помали од тие во италијанскиот Суперкуп. Реал Мадрид и Барселона имаат загарантирани по 3,1 милиони евра, Билбао добива 1,7, а Мајорка 750.000. Победникот ќе добие уште 2 милиони, а поразениот финалист оди дома со дополнителни еден милион евра.

Во германскиот Суперкуп кој се играше пред стартот на сезоната, за трофејот се борат два тима, победникот добива 3, поразениот 2 милиони евра.

Францускиот еквивалент се играше во неделата во Доха, Катар. ПСЖ како победник освои 2 милиони евра парична награда, додека финалистот Монако доби 1 милион.

Во Англија нема официјална парична награда за победникот на Комјунити шилд, сите приходи од натпреварот, вклучително и од ТВ правата, спонзорите и продажбата на билети, се донираат во добротворни цели.

- Оглас -

Најнови вести