Дуелот на последните два шампиони на Италија, Интер и Наполи, заврши без победник, 1-1 и само дополнително закомпликува ситуацијата на врвот од табелата во Серија А.
Мектоминај го донесе Наполи во водство од 0-1 во 23-тата минута, а Чалханоглу во 43-тата израмни на 1-1. Истиот фудбалер во 74-тата минута имаше можност да му донесе победа на Интер, но неговиот удар од белата точка заврши само во стативата.
Наполи е лидер на табелата со 26 бода,следуваат Аталанта, Фиорентина, Интер и Лацио со по 25, додека Јувентус е шестти со 24 поени.