41.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Интер и Тотенхем се фаворити дома, сега е шанса на Њукасл да покаже дека знае да игра и на гости

3009 Интер – Лече (18 ч.)

Домаќините се големи фаворити, но не треба да се заборави дека Лече нема пораз во последните пет кола. На девет од последните 10 кола, Лече игра со гол-гол комбинација, но сега гостува на теренот на тимот со најдобра одбрана.

Интер имаше шокантна елиминација од Купот на Италија на „Џузепе Меаца“ и сигурно нема да сакаат да приредат уште едно непријатно изненадување на своите фанови.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.30)

 

1007 Тотенхем – Евертон (16 ч.)

Тотенхем е тимот кој засега го затвора кругот на екипи кои може да се борат дури и за титулата. Евертон има само 16 бодови, но не смее да се заборави дека овој клуб беше казнет со 10 бодови, што значи дека Карамелите реално освоија 26 бодови сезонава.

Посебно мотивирани  се играчите на Евертон по добиената казна и наредија четири победи по ред. На четири од последните шест меѓусебни дуели било нерешено, а два пати Тотенхем се радуваше.

Предлог тип: 1Х&0-3 (2.07)

 

1662 Андерлехт – Генк (20:45 ч.)

Две екипи кои ретко губат, па Андерлехт има само два порази во 18 меча, додека Генк загуби само три пати. Андерлехт сезонава дома е со шест победи и две реми без пораз, а Генк е втората најдобра екипа на гостински терен.

Двете екипи во просек постигнуваат по два погодоци, што само е најава за офанзивен меч со повеќе погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)

 

1006 Лутон – Њукасл (16 ч.)

Њукасл сезонава игра очајно на гостински терен и во осум меча има само пет бодови (една победа, две реми и пет порази), но за нивна среќа овојпат за ривал имаат тим кој е очаен дома. Лутон е со ист биланс од пет освоени бода пред своите навивачи во осум средби, а екипата која сезонава се бори за опстанок, на последните четири меча игра во комбинација гол-гол 3+.

Предлог тип: ГГ3+ (2.24)

 

1955 Трабзонспор – Басакшехир (17 ч.)

Домаќините ја имаат улогата на фаворит, а тоа што е карактеристично за дуелите на овие два тима кога играат на теренот во Трабзон е дека нема многу погодоци. На последните пет меѓусебни средби на стадионот на Трабзонспор, вкупно биле постигнати пет погодоци, што во просек е еден гол по средба.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.50)

 

- Оглас -

Најнови вести