1116 Шефилд јун. – Арсенал (21:00 ч.)
Арсенал игра во одлична форма во Премиер лигата и на последните четири меча постигна дури 18 гола и вечерва е апсолутен фаворит за победа. Шефилд јунајтед е последен на табелата со 13 бода и заедно со Барнли повеќе од веројатно во следната сезона ќе играат во Чемпионшип. Дополнителен мотив за Топчиите е тоа што конкурентите за титулата, Ливерпул и Манчестер сити, славеа ова коло и поради тоа немаат право на кикс. Првиот дуел меѓу Арсенал и Шефилд сезонава заврши со убедливи 5:0 за Топчиите.
Предлог тип: 2-2 & 2-5 (2.00)
3614 Интер – Џенова (20.45 ч.)
Интер е екипа која во моментов игра најдобар фудбал и е во најдобра форма во Европа, па речиси сигурно е дека ќе ја освои титулата во Серија А. Нераѕурите се лидери на табелата со 12 бода предност пред Јувентус и со победа вечерва ќе ѝ избегаат на Старата дама на 15 бода на 11 кола до крајот на сезоната.
Дополнителен мотив за фудбалерите на Интер е податокот дека Џенова е една од четирите екипи (Сасуоло 1:2, Јувентус 1:1 и Болоња 2:2) која не успеаја да ја победат досега. Во првиот дел од сезоната Џенова и Интер одиграа 1:1, но овојпат Нераѕурите се апсолутни фаворити и сè освен убедлива победа ќе претставува изненадување.
Предлог тип: T1 1-3 I & 1-3 II (2.10)
1310 Осасуна – Алавес (21.00 ч.)
Ова е последен натпревар од 27-мото коло во Ла Лига меѓу екипи кои се наоѓаат на средина на табелата. Осасуна има две победи и реми во последните три меча, додека Алавес одигра нерешено во трите последни кола. Уште една заедничка работа за Осасуна и Алавес е што нивните натпревари не се премногу ефикасни. Осасуна има гол-разлика 30:37, додека Алавес има 25:32, а на последните шест меѓусебни средби во Ла Лига немало повеќе од два гола.
Предлог тип: 1Х & 0-2 (1.90)
5120 Ал-Аин – Ал-Наср (17.00 ч.)
Ова е прв натпревар од четвртфиналето во азиската Лига на шампиони. Ал-Аин во осминафиналето го елиминира Насаф (0:0,2:1), додека Ал-Наср беше подобар од Ал-Фејха (1:0, 2:0). Саудискиот тим денеска ќе биде посилен за Кристијано Роналдо, кој е суспендиран во домашниот шампионат и неговата мотивација и жедта за голови за очекување е да пресудат натпреварот да биде ефикасен.
Предлог тип: ГГ прво/второ (1.89)
2806 Нордсјиланд – Силкеборг (19.00 ч.)
Со дуелот меѓу Нордсјиланд – Силкеборг ќе биде затворено 20-тото коло во данската Суперлига. Нордсјиланд е четврти на табелата со 30 бода, додека Силкеборг има три бода помалку, но загуби на двата меча од пролетниот дел од сезоната (Копенхаген 0:3, Вејле 2:0). На последните пет меѓусебни средби, само на една имало повеќе од три гола.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.98)