3001 Сасуоло – Наполи (18 ч.)
Сасуоло игра очајно и во последните шест кола освои само еден бод, но факт е дека и Наполи не игра како што треба да игра актуелен италијански првак. Наполи на шест од последните седум средби игра со не повеќе од два гола.
Кога се работи за меѓусебните дуели, Наполи има четири победи по ред против Сасуоло. Наполи сезонава освои повеќе бодови на гостински терен и затоа и сега е фаворит за победа.
Предлог тип: Х2&0-3 (1.85)
3002 Интер – Аталанта (21 ч.)
Веќе се наѕира дека Интер ќе биде новиот италијански првак. Нераѕурите наредија 11 победи по ред во првенството и благодарение на тоа се убедливи лидери во Серија А. Во одлична форма е и гостинот од Бергамо, кој во последните 11 меча во сите натпреварувања има девет победи и две нерешени.
Двете екипи играат офанзивно и може да се очекува отворен меч со погодоци во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3 I 1-3 II (1.92)
1671 Ројал Унион – Бриж (20:30 ч.)
Реванш-меч од полуфиналето на Купот во Белгија. Бриж победи со 2:1 на првата средба, но сега Ројал Унион е фаворит. Во последните 22 меча во сите натпреварувња Ројал Унион загуби само еднаш и тоа е тој дуел во Купот од Бриж.
На последните седум меѓусебни дуели секогаш било со комбинација гол-гол, а дури петпати било и ГГ3+, што секако е најава за нов интересен меч со повеќе погодоци на двете страни.
Предлог тип: ГГ3+ (2.14)
1166 Ливерпул – Саутхемптон (21 ч.)
Ливерпул веќе освои еден трофеј сезонава, во Лига купот, а сега веќе е фокусиран на нов пехар. Ова е осминафинале од ФА купот, се игра на „Енфилд роуд“, а таму се знае кој е газда.
Саутхемптон игра добро во Чемпионшип, но тешко е да се очекува да направи чудо на ова гостување, иако во негова корист треба да биде фактот дека играчите на Ливерпул се многу поуморни поради напорниот распоред што го има тимот на Јирген Клоп.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.75)
1243 Килмарнок – Ренџерс (20:45 ч.)
Дерби на колото, и тоа поради фактот дека Килмарнок во последните 14 одиграни меча во сите натпреварувања има само еден пораз. Во овој период, дури девет меча ги одиграа со не повеќе од два гола.
Ренџерс блеска и во 10 меча во 2024 година има исто толку победи. Кога се работи за меѓусебните дуели, во последните 12 средби немало реми (9 победи на Ренџерс и три на Килмарнок).
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.60)