Фудбалерите на Интер им се вратија на победите и славеа над Сасуоло со 2-1 на домашен терен. Сепак, иако можеби се очекуваше дека многу полено ќе дојдат до победата, на крајот лесно можеше да останат и без неа.
Федерико Димарко во 14-тата минута ја донесе екипата од Милано во водство, а Карлос Аугусто во 81-вата минута зголеми на 2-0.
Кога сите мислеа дека тоа е точка на победата, Чедира во 84-тата минута намали на 2-1 и го направи финишот неизвесен.
Сепак, на крајот Интер ги освои планираните бодови со кои дојде до бројка од шест, доволно за 10-тата позиција на табелата. Лошиот пласман на табелата за поранешниот шампион на Италија се должи на двата порази во серија, од Удинезе со 1-2 дома и со 4-3 од Јувентус на гостински терен.