Италијанскиот првак Интер се пласираше во четвртфиналето на Купот на Италија, и таму ќе се сретне со Лацио.
Вечерва Нераѕурите мечот со започнаа со комбиниран состав, но и малку измешани карти, со 2-0 го совладаа Удинезе. Головите паднаа во првото полувреме, а стрелци беа Арнаутовиќ и Аслани кои ја оправдаа довербата на тренерот Инѕаги кој го стави во почетниот состав како ретко кога во Серија А или Лигата на шампионите.
Инаку на мечот во Милано имаше и шестминутен прекин, поради лекарска интервенција на трибините, откако му се слоши на еден навивач.