Синоќешниот нерешен резултат на Интер против Каљари значеше дека Нераѕурите од Милано веќе немаат ни теоретски шанси да стигнат до рекордот од 102 бода во една сезона во Серија А, рекорд кој го држи Јувентус од пред десет сезони.
Јуве предводен од Антонио Конте во сезоната 2013/2014 доминираше во италијанското првенство како ниту еден друг клуб во историјата и постави рекорд кој засега никој не може да го загрози.
Интер ако ги добие сите шест меча до крајот на сезонава, ќе има 101 бод, што исто така би било неверојатен потфат, но не и рекорд. Интер со Роберто Манчини на клупата во 2006/2007 имаше 97 бода, што е клупски рекорд, па сегашниот состав предводен од Симоне Инѕаги, ќе се обиде да го урне тој рекорд.