Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинес се пеколен напаѓачки тандем, а и вечерва со голови му донесоа победа на Интер. На „Џузепе Меаца“ победена е Сампдорија со 2:1 благодарение на двајцата стрелци, кои сега заедно имаат 30 голови сезонава во Серија А.
Почна Лукаку со 18-тиот погодок сезонава во Калчото, по одлична акција и асистенција на Ериксен.
https://www.youtube.com/watch?v=FywMDIiX_kw
Лаутаро Мартинес одговори на предизвикот со гол во 33-тата минута, а Интер повторно изведе совршена акција, што ја круниса Аргентинецот за 2:0.
https://www.youtube.com/watch?v=xEQhhr49KVI
Мортен Торсби го постигна почесниот гол за гостите од Џенова, кои беа поактивни во второто полувреме, но недоволно за подвиг и освојување на еден бод.
Интер сега има 57 бода на третото место и заостанува зад Јувентус за шест бода и зад Лацио за пет чекори.