24.8 C
Skopje
среда, 13 август 2025

Интер имаше неуспешен тест против Монца, но голот на Еспозито ќе се прераскажува (Видео)

Монца и Интер одиграа нерешено, 2-2, во пријателски меч, но она што ќе се памети од овој натпревар е голот на Франческо Пио Еспозито во 52-рата минута.

Резултатот на семафорот беше 1-1, кога Матео Дармиен во 52-рата минута упати удар кон голот на Монца, но таа топка веројатно немаше да заврши во мрежата, ако на нејзиниот пат не се најдеше Еспозито, кој со пета успеа да ја смести во голот на Монца.

На комплетната дефанзива на Монца не ѝ беше јасно што се случи и како топката заврши во мрежата.

Сепак, на крајот Интер остана без победата, откако Ази го израмни резултатот на 2-2 во 89-тата минута.

Сезоната во Серија А за Интер започнува на 25-ти август со домашен меч против Торино, а екипата од Милано до тогаш ќе одигра уште еден контролен меч и тоа против грчки Олимпијакос во сабота на стадионот Свети Никола во Бари.

- Оглас -

Најнови вести