Интер имаше успешна генералка, со пресврт ја совлада албанска Егнатиа (Видео)

Екипата на Интер имаше успешна генералка пред стартот на новото првенство во Серија А и со пресврт ја совлада Егнатиа од Албанија. Клубот за кој настапува македонскиот интернационалец Арбин Зејнулаи имаше водство после првиот дел со погодокот на Двамена.

Интер израмни преку Барела, но екипата од Албанија повторно поведе, овојпат преку Мадеирос.

Сепак, до крајот на мечот Интер покажа квалитет и со два погодоци на Лаутаро Мартинес и еден на Стабиле направи комплетен пресврт за победа од 4-2.

- Оглас -

Најнови вести