26.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Интер испушти победа на гости против Парма (Видео)

Актуелниот шампион Интер имаше два гола предност, но не успеа да победи на гости против Парма. Тимот на Симоне Инзаги ремизираше 2-2, а на крајот можеше и да загуби, затоа што домаќинот ја погоди гредата од голот на Јан Зомер.

Матео Дармијан во 15-тата минута и Маркус Турам во 45-та минута донесоа водство од 0-2 за Интер на полувремето.

Но, како гостите да помислија дека лесно ќе ги освојат трите бода, се опуштија во вториот дел, а тоа Парма знаеше да го искористи.

Адријан Бернабе во 60-та минута намали, а само девет минути подоцна Јаков Ондрејка и израмни на 2-2. По овој шок, Интер не успеа да се врати и да постигне трет гол за победа.

- Оглас -

Најнови вести