Интер ја доби голеадата со Аталанта и го потврди пласманот во ЛШ (Видео)

Екипата на Интер со победа над Аталанта од 3-1 го завери пласманот помеѓу најдобрите четири во италијанската Серија А и официјално си го обезбеди пласманот во Лигата на шампионите за следната сезона.

На Лукаку му беа потребни само 39 секунди за да го доведе Интер во водство, а само две минути подоцна веќе 2-0 за Интер со погодокот на Барела.

До крајот на првото полувреме Аталанта успеа да намали на 2-1 во 36-тата минута преку Пашалиќ.

Интер во 77-мата минута го врати водството од два голови разлика преку Лаутаро Манртинес, додека Онана во 91-вата минута си постигна автогол со што беа поставени конечните 3-2 за Интер на овој натпревар.

Интер сега има 69 бодови, осум повеќе токму од Аталанта која е на петтата позиција.

 

- Оглас -

Најнови вести