Незапамтениот срам кој го доживеа денеска УЕФА со повторувањето на ждрепката поради некаква утка во софтверот налути многумина, а некои се шегуваа на оваа тема.
Италијанскиот првак Интер, кој прво го доби Ајакс за противник, а потоа во повторената и конечна ждрепка се падна со Ливерпул, на својот твитер-профил упати сеирџиски коментар. Повторената ждрепка одлучи Ајакс да игра против Бенфика.
„Го продаваме туристичкиот водич за Амстердам. Бенфика, не губете време“, порачаа од Интер.