Интер води со 1-0 на гостувањето кај Баерн, а резултатот на Арсенал и Реал Мадрид е 0-0 по првото полувреме на вечерашните четвртфинални дуели од Лигата на шампионите.
Во Минхен, на стадионот на којшто на 31 мај ќе се игра финалето, италијанскиот првак поведе со гол на Лаутаро Мартинес, кому му претходеше феноменална асистенција на Маркус Турам. Претходно, при 0-0 во 26-тата минута, Хари Кејн ја погоди стативата од ситуација од која голгетерот на Баерн обично без проблеми дава голови.
На дуелот на Арсенал и Реал нема гол, а според шансите кога веќе е нерешено, можеше да биде на пример 1-1, но голманите не дозволија да бидат совладани.
⚽️ GOAL: Lautaro Martinez
What an assist Thuram
🇪🇺 Bayern München 0-1 Interpic.twitter.com/yyH9EspM0q
— Goals Xtra (@GoalsXtra) April 8, 2025