2.8 C
Skopje
понеделник, 2 февруари 2026

Интер ја наполни мрежата на Венеција и ќе оди понатаму во Купот на Италија

Интер без проблеми си ја заврши работата и со вистинска голеада ја елиминира Венеција, славејќи со убедливи 5-1 на „Џузепе Меаца“ и резервирајќи место во четвртфиналето на Копа Италија.

Иако Кристијан Киву настапи со комбиниран тим и им даде шанса на играчи како Аугусто, Бисек, Енрике, Фратези, Диуф и Пио Еспозито, разликата во квалитет беше повеќе од очигледна.

Падот на Венеција започна во 18-тата минута, кога Енди Диуф ја отвори серијата голови. Веќе во следниот напад Пио Еспозито зголеми на 2-0, а до паузата Маркус Турам со прецизен удар ја заокружи доминацијата за 3-0.

На самиот старт од второто полувреме Турам повторно беше во елемент. Во 51-вата минута го постигна својот втор гол на мечот, по што Венеција конечно покажа знаци на живот и преку Саградо намали на 4-1.

Но, тоа беше сѐ што успеаја гостите. Во 75-тата минута Анге Јоан Бони го постави конечниот резултат 5-1 и го потврди пласманот на Интер во следната рунда.

Ривал на Интер во четвртфиналето ќе биде победникот од дуелот меѓу Рома и Торино.

- Оглас -

Најнови вести