Интер ја покажа моќта против Комо (Видео)

Интер е на чекор до нова шампионска титула во Италија, откако славеше на гости против Комо со 3-4. Тимот на Кристијан Киву покажа моќ, откако не го стартуваше мечот според своите желби, имаше и негатива од 2-0, но потоа Нераѕурите постигнаа четири гола и триумфираа.

Алекс Вале во 36-тата минута го отвори резултатот, а шест минути подоцна Нико Паз зголеми на 2-0. Но, Маркус Турам сепак постигна гол за Интер непосредно пред одморот.

Турам израмни на 2-2 во 49-тата минута, а потоа следеа и два гола на Дензел Дамфрис, во 59-тата и во 72-тата минута.

Комо доби пенал во 88-та минута што го реализираше Лукас да Куња, па домаќинот имаше неколку минути и да стигне до реми. Шанси имаа Морено и Рамон, но, сепак, Интер освои важни три бода кои го доближија до нова титула.

- Оглас -

Најнови вести