Интер ја покажа силата и го победи актуелниот првак во Неапол

Екипата на Интер останува лидер на табелата во Серија А и по комплетирање на 14. коло во Серија А, откако убедливо со 3:0 славеше на гости кај Наполи. Нераѕурите одиграа шампионски и со три гола заслужено стигнаа до три бода.

Хакан Чалханоглу ги донесе гостите во водство со гол во 44 минута и тоа со прецизен удар од далечина. Водството на гостите беше удвоено кога Барела погоди во 62 минута, а сите дилеми беа решени со погодокот на Тирам во 85 минута.

Во тимот на Наполи во стартниот тим беше Елиф Елмас, кој доби жолт картон во второто полувреме, а беше заменет во 75 минута.

По оваа победа Интер е лидер со 35 бодови, пред Јувентус кој е втор со 33, а Милан е на третото место со 29 бодови. Наполи е на петото место со 24 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести