Интер ја повика и математиката напомош за да го претстави Коларов (Видео)

Интер ја повика и математиката напомош за да го претстави своето најново засилување Александар Коларов. Видеото со кое Нераѕурите го промовираа бекот е оригинално, а секако има различни коментари и пофалби и критики.

Интер го искористи најсилното оружје на Коларов, одличните слободни удари и со помош на математички формули на уникатен начин му направи официјална промоција и му посака на дефанзивецот добредојде во клубот.

Коларов потпиша едногодишен договор со Интер, а Рома, за која играше досега, ќе инкасира отштета од два милиони евра.

Платата на Коларов во Интер ќе изнесува околу 3 милиони евра годишно, а според договорот што го потпиша, има можност да продолжи плус уште една сезона во редовите на италијанскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести