Интер ја прифати понудата, Брозовиќ ќе му стане соиграч на Роналдо

Европскиот вицешампион Интер ја прифати понудата на Ал-Наср тешка 23 милиони за Марцело Брозовиќ, објави новинарот Џанлука ди Марцио.

Според новинарот, двата тима мора мора најдоцна до утре да го завршат трансферот со кој Брозовиќ ќе му стане соиграч на Кристијано Роналдо.
Хрватот треба да потпише тригодишен договор кој ќе му носи 20 милиони евра по сезона.

Интересно е што, желба на фудбалерот беше да се пресели во Барселона која пројавуваше голем интерес, но агентите инсистираа и на крајот успеаја да го убедат да ја прифати далеку подобрата понуда.

Марцело Брозовиќ во Интер пристигна во 2016 година и со Нераѕурите успеа да освои една титула во Серија А, а по двапати триумфира во Купот на Италија и во италијанскиот Суперкуп.

- Оглас -

Најнови вести