Фудбалерите на Интер ја забележаа и петтата победа по ред во сите натпреварувања, откако на домашен терен го совладаа Кремонезе со убедливи 4-1. Нероаѕурите не дозволија кикс како соседот Милан, па му го нанесоа првиот овосезонски пораз на новиот член на Серија А.
Победниот на мечот на „Џузепе Меаца“ беше решен уште во првото полувреме, после кое домашните имаа водство од 2-0. Лаутаро Мартинес во шесттата и Бони во 38-мата минута стрелаа прецизно во мрежата на Кремонезе во првиот дел.
Серијата на голови за Интер продолжи во 55-тата минута, кога подоги Федерико Димарко, а само две минути подоцна во листата со стрелците се запиша и Николо Барела.
Почесниот погодок за гостите беше дело на Федерико Бонацоли во 87-мата минута.