Интер ќе биде моќен ако му успее планот – Обамејанг ќе му биде партнер на Лукаку?

Интер бара чаре како да најде достојна замена за Лаутаро Мартинес, играч кој очигледно ќе го напушти Милано и ќе биде нов член на Барселона.

Италијанските медиуми вчера објавија дека опција е младиот канадски репрезентативец Џонатан Давид од Гент, кој е прв стрелец во Жупилер лигата, но денеска се најавува многу подобра опција.

Интер преговара со Пјер-Емерик Обамејанг и му нуди 11 милиони евра по сезона, плус и бонуси. Ако успее да го ангажираа одличниот габонски репрезентативец и капитен на Арсенал, тогаш Нероаѕурите би имале моќен напаѓачки тандем Обамејанг-Лукаку и би можеле да му парираат на Јувентус и на останатите клубови за Скудетото во Серија А.

Обамејанг има 30 години и уште една година актуелен договор со Арсенал, но не сака да го продолжи, па топчиите ќе мора да го продадат ова лето за да си вратат барем дел од 60-те милиони евра што и ги платија на Борусија Дортмунд во јануари 2018 година.

 

- Оглас -

Најнови вести