10.8 C
Skopje
сабота, 8 ноември 2025

Интер ќе биде новиот лидер во Серија А, ПСВ лесно ќе победи

1008 Лестер – Њукасл (15 ч.)

Њукасл во минатото коло конечно прв пат победи сезонава и самодовербата на гостите е на високо ниво. Лестер е во лоша низа, па покрај тоа што падна во долниот дел од табелата во Премиер лигата, екипата испадна и од Лигата на Европа.

Ова е дуел на две од четирите екипи со најслаба одбрана, па може да се очекуваат погодоци на двете страни. На последните пет меѓусебни дуели имало дури 19 погодоци, па и сега може да се очекува ефикасен дуел.

Предлог тип: ГГ3+ (1.89)

 

1710 ПСЖ – Монако (20:45 ч.)

Во последните пет меча на овие два тима, двата тима имаат по две победи, а еднаш било нерешено. Ова доволно зборува дека се работи за вистинско дерби. Монако нема пораз на последните осум меча во сите натпреварувања, но ќе биде вистински предизвик да ја продолжи оваа низа и на „Паркот на принцовите“.

ПСЖ сезонава дома има седум победи и едно реми и Светците ќе сакаат повторно да ги израдуваат своите фанови.

Предлог тип: 1&2-4 (2.25)

 

3009 Интер – Калјари (20:45 ч.)

Интер со победа ќе избие на првото место во Серија А, па јасно е дека Нераѕурите имаат голем мотив за освојување на трите бода.

Интер на свој терен игра многу сигурно, додека Калјари е најслабиот тим на гостински терен сезонава, без ниту една победа.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.88)

 

1638 Најмиген – ПСВ Ајндховен (20 ч.)

Во 10 од последните 11 меча на овие два клуба, ПСВ победувал, а само еднаш било нерешено. Гостите се многу поквалитетни и се борат за титулата во Холандија, па едноставно во дуели против вакви ривали не смее да киксираат.

ПСВ го има вториот најдобар напад во лигата со 38 гола во 15 меча, но и слаба одбрана која досега прими 22 гола.

Предлог тип: 2&4+ (2.90)

 

1543 Порто – Брага (21:30 ч.)

Брага е еден од најтешките ривали на Порто, па гигантот има само една победа во последните осум меѓусебни дуели.  Во овој период Брага има четири победи, а три средби завршиле нерешено.

Традицијата вели дека двата клуба даваат голови, па и вечерва треба да биде така.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.82)

 

- Оглас -

Најнови вести