Интер ќе го наполни голот на Верона, Жирона ќе игра ефикасно и во Купот (Фото)

Пет натпревари од различни европски држави се дел од Квотите на денот на Sport Life. Натпреварите од Италија, Англија, Франција, Шпанија и Португалија искомбинирани на еден тикет прават вкупна квота од 55.8.

Понудата ја отвораат екипи на Интер и Верона со дуел од италијанската Серија А. Понудената квота за овој натпревар е 2.30, а ќе биде добитна ако Интер постигне најмалку еден погодок во првото полувреме, но и најмалку три на целиот натпревар.

Њукасл како фаворит патува на гостувањето кај Сандерленд во англискиот ФА куп. Квотата од 2.10 ќе биде добитна само ако „страчките“ не загубат, но и ако се затресат двете мрежи.

Голови во двете полувремиња се очекуваат на натпреварот од францускиот Куп помеѓу Брест и Анже. Квотата од 2.05 ќе биде добитна само ако головите се распоредени во двете полувремиња и тоа по најмалку еден, а најмногу три во полувреме.

Ефикасен дуел се очекува и на дуелот од шпанскиот Куп на кралот помеѓу Елче и Жирона. Очекувањата се дека ќе се затресат двете мрежи, а квотата од 2.30 ќе биде добитна само ако има погодоци и во двете полувремиња.

Бенфика како фаворит патува на првенствениот натпревар против Арука. Понудената квота за овој натпревар е најголема, 2.45, а ќе биде добитна само ако гостите победат, но и на целиот натпревар бидат постигнати помеѓу два и четири погодоци.

- Оглас -

Најнови вести