29.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Интер ќе го победи Шахтар и ќе чека добри вести од Мадрид

6009 Ајакс – Аталанта (18.55 часот)

На овој меч ако има победник, тој тим оди во осминафиналето на Лигата на шампионите, а поразениот продолжува во Лигата на Европа. Ако биде нерешено, Аталанта продолжува во ЛШ, а Ајакс во ЛЕ. Аталанта киксираше во минатото коло против Митјиланд, а сега мора да освои барем бод во Амстердам. На првиот меч во Бергамо беше 2-2. Копјаниците викендов загубија дома од Твенте, но во мислите им беше овој дуел. Миранчук и Пашалиќ ќе ги нема кај Аталанта.

Предлог тип: 1Х & 3+ (2.07)

 

6012 Интер – Шахтар (21.00 часот)

Интер е во ситуација дури и со победа да не оди понатаму. Интер не може да биде прв во групата, но би биле пресреќни и со второто место. За да бидат втори, Нераѕурите треба да исполнат два услови: мора да го победат Шахтар и да чекаат да има победник на мечот Реал Мадрид – Борусија Менхенгладбах. Италијанците предводени од Лукаку имаат квалитет да го совладаат украинскиот тим со кого во октомври во Киев одиграа 0-0. Некомплетниот Шахтар само против Реал покажа дека знае да биде незгоден ако му се дозволи да игра.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.70)

 

6015 Реал Мадрид – Борусија Менхенгладбах (21.00 часот)

Ова е натпревар да се биде или не за Реал и за тренерот Зидан. Пораз на 13-кратниот европски првак ќе биде катастрофа за нив и првпат нема да ја минат групната фаза во ЛШ. Но, ако Реал победи, веројатно ќе го освои првото место во групата. Двата тима може да одат понатаму со реми, но само ако Интер го надигра Шахтар. Кај Реал одбраната е комплетна по подолго време, но им требаат голови, а во составот ќе ги нема Јовиќ, Маријано, Одегард и Азар. На гостите им треба бод за да одат во осминафиналето, тие се тим кој често и дава и прима голови.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.88)

 

6016 Салцбург – Атлетико Мадрид (21.00 часот)

Атлетико има два бода предност од Австријците, па и нерешено ќе им заврши работа. Салцбург во првите пет кола има двојно повеќе и дадени и примени голови од Атлетико. Јорганџиите од октомври не знаат за пораз, имаат квалитет да се одбранат, но првиот меѓусебен дуел на овие тимови во Мадрид заврши со ефикасни 3-2 за лидерот на шпанското првенство. Листата на повредени е прилично долга кај Атлетико, но имаат доволно добар состав за да останат непоразени.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (2.18)

 

6011 Баерн Минхен – Локомотив Москва (21.00 часот)

Иако овој меч не им значи многу, Баварците се тим кој ретко тактизира и би сакале да победат и да покажат гордост и авторитет на актуелен европски првак. Локомотив уште е во игра за место во Лигата на Европа, но ако во пет кола во групата не извојуваа ниедна победа, нема шанса сефтето да го сторат на гостување кај главниот фаворит во ЛШ. Локо пред 25 години победи во Минхен и можеби тие веруваат во ново чудо, но ние не. Сепак, подобро е да се типува на многу голови, иако Левандовски нема да игра.

Предлог тип: 4+ (1.80)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Ајакс – Аталанта ГГ прво/второ (1.75)

Реал Мадрид – Борусија Менхенгладбах Х било кога (2.05)

Интер – Шахтар 1 & 3-5 ()

- Оглас -

Најнови вести