Доколку Мохамед Салах налето го напушти Ливерпул, негова следна дестинација можеби нема да биде Саудиска Арабија, туку Милано.
Се појавија шпекулации дека Интер е заинтересиран за египетскиот крилен напаѓач и во италијанскиот првак биле подготвени да се разделат со Марко Арнаутовиќ, Хоакин Кореа и Мехди Тареми, за да направат место за Салах.
Салах има играно во Серија А и тоа за Фиорентина и Рома, од каде во 2017 му се приклучи на Ливерпул и тука „експлодираше“ и стана еден од најдобрите на светот. Тој е сон на најбогатите саудиски клубови, нема да жалат пари за да го привлечат, но ако Мо сака да остане во Европа, а тоа да не е во Ливерпул, ќе има опции, бидејќи освен Интер, се зборува дека во своите редови би го посакале и други гиганти како Баерн, Барселона и ПСЖ.