Интер од Милано ќе им ги врати парите за билети на кинеските фанови кои сакаа да го посетат градското дерби со Милан в недела, но нема да може да бидат на „Сан Сиро“ поради коронавирусот, кој владее во Кина. Нераѕурите се радуваат што се популарни во големата азиска земја, а една од причините е и тоа што сопственици на клубот се Кинезите од компанијата „Сунинг”.
Интер досега немаше обичај да враќа пари за билети, но овојпат се прави преседан и отворена е специјална адреса на електронска пошта на која засегнатите навивачи може да комуницираат околу деталите на кој начин ќе си ги вратат парите за билети.
Вечерва во Серија А се игра дуелот помеѓу Лацио и Верона, по кој ќе се знае дали Интер во дербито со Милан ќе влезе како второпласиран или трет на табелата.