Интер ќе има дебитант на голот против Баерн, Елмас од клупа ќе чека шанса за Ливерпул

Познати се составите за средбите од 21 часот, а секако најинтересно се очекува да биде во Милано каде што Интер ќе го дочека Баерн Минхен.

Интересно е тоа што на голот на „нероаѕурите“ ќе застане Андре Онана за кого ова ќе биде негов прв официјален настап во дресот на Интер. Во нападот, пак ќе бидат Лаутаро Мартинез и Един Џеко.

На левата страна ќе „оперира“ Робин Госенс, додека на десната Дензел Дамфрис.

Кај Баерн, пак и да нема поголеми изненадувања. Капитенот Нојер е на голот, Бенјамин Павард, Матјас Де Лих, Лукас Ернандез и Алфонсо Дејвис се во одбраната, додека во нападот ќе биде Адио Мане.

Елиф Елмас, пак, ќе биде на клупата за резервни фудбалери против Ливерпул.

Барселона, пак со најсилниот состав ќе се спротистави на Викторија Плзен, а според имињата на играчите, може да се очекува и голеада.

СОСТАВИ:

Интер: Андре Онана, Дензел Дамфрис, Милан Шкриниар, Данило Д’Амброзио, Алесандро Бастиони, Робин Госенс, Хенрих Мхитаријан, Марсело Брозовиќ, Хакан Чалханоглу, Лаутаро Мартинез, Един Џеко.

Баерн М: Мануел Нојер, Бенјамин Павард, Матјас де Лихт, Лукас Ернандес, Алфонсо Дејвис, Џошиа Кимих, Марсел Сабицер, Кингсли Коман, Томас Милер, Лерој Сане, Садио Мане.

_________________________________________________________________

Наполи: Мерет, Ди Лоренцо, Ким, Рахмани, Оливера Мир, Ангуиса, Лоботка, Политано, Зјелински, Кваратшкеила, Осимен.

Ливерпул: Алисон, Трент Арнолд, Гомез, ван Дајк, Робертсон, Милнер, Фабињо, Елиот, Салах, Фирмињо, Дијас.

_________________________________________________________________

Барселона: тер Штеген, Роберто, Кристенсен, Кунде, Алба, Кеси, де Јонг, Педри, Фати, Дембеле, Левандовски.

Викторија Плзен: Станек, Хавел, Нејда, Перница, Јемелка, Буча, Калвач, Москера, Вуканова, Сикора, Чори.

- Оглас -

Најнови вести