Некогаш фудбалскиот живот е многу чуден и носи изненадувања, а така е и во случајот со Иван Перишиќ и Мауро Икарди, двајцата играчи кои додека беа заедно во Интер, не се сакаа, па клубот пред почетокот на сезонава ги позајми во странство. Судбината сакаше да ги спои во финалето на Лигата на шампионите, Перишиќ како играч на Интер, а Икарди во дресот на ПСЖ.
Хрватот одвај чекаше да си замине од Интер, каде што под водство на Спалети немаше здрава атмосфера, а на Икарди му ја одземаа капитенската лента и по доаѓањето на Конте, и него го позајмија. Додека беа заедно со Интер, Иван и Мауро не освоија ништо, а сега, откако си заминаа, освоија титули во првенствата и може да ја лапнат европската премија.
Икарди ни во ПСЖ не е стартер, но пролетоска тој се откачи од Интер и веќе е член на Светците, со кои има валиден договор до 2025 година. Перишиќ игра редовно за Баерн, а по ова финале ќе треба да се врати во Милано.