Интер ќе ја оправда фаворитската улога против Хетафе

ФК Копенхаген – Башакшехир (фудбал, Лига Европа осминафинале, 18.55 часот)

Во првиот нивен дуел на 12-ти март во Истанбул, Башакшехир славеше со 1-0 со гол на Вишќа од пенал во 88-ма минута. На Данците нема да им биде лесно, но Башакшехир со освојувањето на титулата во турското првенство си ги оствари амбициите за оваа сезона и сега можеби се поопуштени, па без некој притисок ќе играат во ЛЕ. Копенхаген не е првак на Данска, и добар резултат во ЛЕ би ги покрил нивните слабости на домашна сцена. Башакшехир губеше на последните две гостувања во турската лига и тоа беа ефикасни мечеви со 5+ голови.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.28)

 

Шахтар – Волфсбург (фудбал, Лига Европа осминафинале, 18.55 часот)

Украинците имаат предност од 2-1 од првиот меч, а сега го пречекуваат германскиот тим практично на неутрален терен, во Киев. Волфсбург има голем број повредени играчи, но сигурно нема да се предадат, иако квалитетот е на страна на Шахтар. За да бидат во ритам, двата тима играа пријателски мечеви кон крајот на јули. Последниот пораз на Шахтар на домашен терен беше во декември од Аталанта во ЛШ, не би требало да им заврши низата.

Предлог тип: 1 (2.45)

 

Интер – Хетафе (фудбал, Лига Европа осминафинале, 21.00 часот)

Овој меч е специфичен и поразличен од другите денешни осминафиналиња, бидејќи не е реванш, туку прв меч и мора да има победник кој во следната фаза ќе игра со Баер Леверкузен или Ренџерс. Дуелот ќе се игра во Гелзенкирхен. Интер како второпласиран во Серија А, според сите параметри е појак тим од Хетафе. Мадриѓаните не победија на ниту еден меч во последните шест кола во Ла Лига, и последниот настап им беше на 19-ти јули.

Предлог тип: (1.75)

 

Манчестер јунајтед – ЛАСК Линц (фудбал, Лига Европа осминафинале, 21.00 часот)

Тука нема дилеми кој ќе оди во четвртфиналето, англискиот гигант пролетоска како гостин ги растури Австријците со 5-0 и си го обезбеди пласманот во следната фаза, каде ќе игра со Башакшехир или Копенхаген. ЛАСК е во лоша форма и само прашање е со кој резултат ќе биде поразен на „Олд Трафорд“. И кај Јунајтед ќе нема премногу мотиви, треба да мислат на следниот меч, но ако им се укаже прилика пак да го растурат противникот, нема да имаат милост.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.74)

 

Читадела – Фрозиноне (фудбал, Италија 2, 21.00 часот)

Ова е четвртфинале на плејофот за влез во Серија А, еден меч е, се игра во Читадела, а победникот ќе игра полуфинале со Порденоне. Според моментната форма, Читадела е во предност, а игра и на својот стадион, па реално е да биде поблиску до победата. Фрозиноне од февруари не знае за гостинска победа, но има една неверојатна традиција дека Читадела на свој терен никогаш не го победила Фрозиноне (пет ремија и три победи на гостите од 2009 наваму). Во лигашкиот меч во ноември, беше 0-0. Пред еден и пол месец, беше 2-0 за Читадела која тогаш беше гостин.

Предлог тип: 1 (2.70)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

ФК Копенхаген – Истанбул Башакшехир 1+I & 3+ (2.55)

Интер – Хетафе Т1 1-2 пол. (2.10)

Манчестер јунајтед – ЛАСК Линц Т1 2+ & ГГ (2.65)

- Оглас -

Најнови вести