Интер ќе му даде втора шанса на Габи-гол?

Евентуалното заминување на Мауро Икарди од Интер, би можело да остави простор за враќање на Бразилецот Габриел Сантош познат како Габи-гол.

Некогашниот мега талент на Сантош, сега игра во Фламенго, и игра во добра форма (7 гола на 12 меча во првенството), па во Интер размислуваат да му дадат втора шанса за докажување во Европа. Интер засега има 11 бода и 15 гола помалку од минатата сезона, и тешко дека во последните пет кола (треба да играат и со Јувентус и Наполи) ќе успее да покаже напредок.

Во клубот има неизвесност околу иднината на тренерот Спалети, како и на екс капитенот Икарди, па ако си оди Икарди, мора некако да се надоместат неговите голови. Се шпекулира дека ќе се обидат да го донесат Ромелу Лукаку или Гонзало Игуаин, но мислат и на Габи.

Младиот Лаутаро Мартинес во моментов е единствената опција за местото на Икарди, па Интер би можел да се сврти и кон 22-годишниот Габи кој некогаш го нарекуваа новиот Нејмар.

„Кога дојдов во Интер, тренерот Франк Де Бур ми рече дека ќе ми даде шанса, но тоа не се случи. Клубот имаше проблеми и сакаа поискусни играчи, па не ми беше дадена прилика во првиот тим да го покажам талентот“ – рече Габи-гол.

- Оглас -

Најнови вести