1023 Свонси – Рексам (21:00)
Свонси и Рексам играат во велшкото дерби во англиската Чемпионшип дивизија, а она што може да се очекува од двете екипи се головите. Овие две екипи последен пат играа меѓусебен дуел пред речиси 20 години, а тогаш Свонси двапати победуваше со 2-1. Слично се очекува да биде и вечерва, а головите ќе бидат неизбежен декор.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.22)
1302 Валенсија – Мајорка (21:00)
Валенсија игра лоша сезона и во моментов е на делба од 16-тото до 18-тото место со 15 бода, па бод(овите) против директните конкуренти се и тоа како потребни. Лилјаците на „Местаља“ не смее да си дозволат луксуз и пораз од Мајорка, екипа која има само два бода повеќе од нив на табелата.
Предлог тип: 1Х & 1+ прво (2.01)
3628 Болоња – Интер (20:00)
Интер ја има фаворитската улога да му се придружи на Наполи во борбата за првиот трофеј оваа сезона во Италија, оној од Супер купот. Екипата од Милано за противник ја има Болоња, која учеството во ова натпреварување си го обезбеди со освојувањето на италијанскиот Куп. Интер во моментов е лидер во Серија А, додека Болоња е на шестата позиција со осум поени помалку.
Предлог тип: 2 & 1+ второ (1.85)
1801 Борусија Дортмунд – Борусија Менхенгладбах (20:30)
Последните шест меча помеѓу Дортмунд и Менхенгладбах завршија со голови во двете мрежи, а само на еден од нив немаше најмалку три гола. Токму затоа и очекувањата се дека и на нивниот меѓусебен меч вечерва головите нема да недостасуваат, а нив ќе ги има и во двете мрежи.
Предлог тип: ГГ и 3+ (1.90)
1951 Кочаелиспор – Анталјаспор (18:00)
Кочаелиспор е во серија од шест меча по ред без пораз, а во однос на својот денешен противник има предност од пет поени. Домашните се во средината на табелата, но многу поблиску до борбата за одбрана отколку во борбата за излез во Европа. Анталјаспор е на 15-тата позиција, па Кочаелиспор со нов позитивен резултат има шанси дополнително да го зацврсти своето место во средината од табелата.
Предлог тип: 1Х & ГГ (2.45)

