10.8 C
Skopje
понеделник, 16 февруари 2026

Интер ќе „замрзне“ во Норвешка

Фудбалерите на Интер во среда му гостуваат на Бодо/Глимт во првиот натпревар од плејофот во Лигата на шампионите, а експедицијата од Италија ја очекува завеаната Норвешка.

На социјалните мрежи кружат снимки од Боде, каде што прават сè за да го подготват теренот откако снег го зафати северот на Норвешка. Температурите деновиве се длабоко под нулата, што сигурно ќе им ја отежне задачата на гостите од топлиот Милано.

Натпреварот Бодо/Глимт – Интер е закажан за среда во 21:00 часот, а прогнозирана температура за тој ден е -5 степени Целзиусови.

- Оглас -

Најнови вести