Интер купува напаѓач од Парма

Францускиот напаѓач Анж-Јоан Бони е многу блиску до преселба во Интер, пренесува „Гаѕета дело Спорт“. Според италијанските медиуми, Нераѕурите постигнале договор со Парма за трансферот на 21-годишниот офанзивец, а во наредните часови се очекува да бидат финализирани последните детали.

Миланскиот гигант ќе плати 24 милиони евра за целосните права на младиот Французин, кој минатата сезона одигра 38 натпревари за Парма, постигнувајќи шест голови и запишувајќи четири асистенции.

Бони треба да ги мине задолжителните медицински прегледи во понеделник или вторник, по што официјално ќе стане нов фудбалер на Интер и ќе потпише договор на „Џузепе Меаца“.

Тој е член на Парма од летото 2021 година, кога пристигна од француски Шатору, а со своите настапи го привлече вниманието на повеќе елитни клубови, но Интер беше најконкретен.

- Оглас -

Најнови вести