Екипата на Интер Мајами и четврти натпревар во серија не знае за победа во МЛС-лигата откако на дуелот против Торонто пред две недели се повреди Лионел Меси. Утрово по македонско време тие загубија од директниот конкурент за пласман во плејофот, екипата на Чикаго, со убедливи 4-1.
Откако првото полувреме заврши без голови, домашните брзо дојдоа до предност преку Џердан Шаќири во 49-тата минута. Само четири минути подоцна, Интер Мајами израмни преку Мартинес од пенал и тоа беше сè што направија фудбалерите на Тата Мартино.
До крајот на мечот Чикаго со вториот погодок на Шаќири и двата на Хаиле-Селасие дојдоа до убедливи 4-1.
Ова е четврти натпревар на којшто не игра Лео Меси и сè уште е неизвесно кога тој ќе се врати на фудбалските терени по повредата на мускулот.