МЛС-лигата има чудни правила. На екипите кои се натпреваруваат во првенството на САД дозволено им е да имаат само две гарнитури на дресови, а оние кои ќе успеат да продадат над 100.000 парчиња од нивната опрема, ќе може да направат и трета.
До сега тоа беше случај само со четири екипи, а од доаѓањето на Лионел Меси во Интер Мајами, бројката се зголеми на пет екипи. Токму Интер Мајами побара дозвола, а од МЛС-лигата му дозволија освен розовите и црните дресови, да има и трета гарнитура, но се очекува да се види во која боја ќе биде.
Од ваквата одлука голема заработка ќе има и производителот „Адидас“, кој во минатиот период се соочуваше со проблеми бидејќи не можеше да ја задоволи побарувачката на дресови со името и бројот на Аргентинецот, а од преминот на Меси во Интер Мајами, акциите на „Адидас“ се зголемија за 30%.
https://twitter.com/sportbible/status/1740339637149974599?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1740339637149974599%7Ctwgr%5Ef04de98af546cdbe231a7f48fcc1658f9537135f%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fnogomet%2Finter-miami-zbog-messija-dobio-vaznu-dozvolu-mls-a-ruke-trljaju-i-u-adidasu%2F231228105