Интер Мајами е во тешка криза, се јави Меси со порака до соиграчите

Интер Мајами претрпе тежок пораз на свој терен со 0:3 од Орландо, во меч од МЛС-шампионатот на САД. За Интер Мајами ова беше петти пораз во последните седум меча што ги одигра во сите натпреварувања. Ваквата лоша серија беше причина со реакција да се јави првата ѕвезда не само во тимот туку и во целата лига, Лионел Меси.

„Ова се тешки времиња за нас, но ќе ги пребродиме. Сега е време да видиме дали навистина сме тим. Лесно е кога сѐ е добро, но кога ќе дојдат тешки времиња, тогаш мора да бидеме обединети повеќе од кога било, да бидеме заедно, да бидеме вистински тим за да го пребродиме тоа“, рече Меси по поразот во Мајами од Орландо.

Минатата година Интер предводен од Меси постави рекорд по бројот на освоени поени во регуларниот дел од сезоната, а го израмни и рекордот за најмалку порази во една сезона, само четири. Сега Интер Мајами веќе има три порази во првите 13 кола. Тимот моментално е на шестото место во Источна конференција со 22 бода.

„Ова е период на лоши резултати за нас, но мора да продолжиме напорно да работиме. и да се фокусираме на тоа што следува. Имаме уште три-четири меча во мај и мора да се обидеме да ги одиграме најдобро што можеме, а потоа ќе се фокусираме на Светското клупско првенство“, додаде Меси.

Актуелниот договор на аргентинскиот виртуоз со Интер Мајами е до крајот на оваа сезона, односно до декември 2025 година. Од Интер Мајами јасно потенцираа дека сакаат Меси да го задржат уште една година, но Лео открива дека засега нема нов договор.

- Оглас -

Најнови вести